Антикорупциска следната година ќе го чешла имотот на 15 градоначалници
Антикорупциската комисија следната година ќе ја чешла имотната состојба на 15 градоначалници, државни функционери, но и претседателите на Управните судови, кои изостанаа оваа 2020 година.
ДКСК го усвои планот за работа за следната година. Засега не се познати кои се градоначалници ќе поминат низ филтерот на Антикорупциска. Единствено е познато за скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.
Процесот на проверка ќе биде исто како и порано, односно ќе се гледаат и претставки добиени од граѓаните.
Претседателката Билјана Иванова рече дека ова чешлање ќе биде во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат во октомври следната година.
Антикорупциска го усвои и Планот за јавни набавки. 54 милиони денари ќе се издвојат за стоки и услуги, а најголем дел од овие пари се за набавка на нов софтвер.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
