Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс

Големата ѕвезда на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо, е подготвен да го напушти тимот ова лето, тврди „ЕСПН“ во својата анализа.
Според извори блиски до тимот, двократниот МВП сè уште не донел конечна одлука, но за прв пат во својата кариера е подготвен да го напушти тимот од Висконсин.
Антетокунмпо (30), игра за Милвоки од 2013 година, кога Бакс го зедоа како 15-ти пик на драфтот. Тој е лидер во клупската ранг-листа по голем број водечки индикатори - најмногу постигнати поени, најмногу освоени скокови (и офанзивно и дефанзивно), најмногу блокади, најмногу одиграни натпревари, најмногу минути, најмногу асистенции и највисок процент на реализирани шутеви. Најголемите успеси на Милвоки во новиот век се поврзани со неговото присуство, што кулминираше со титулата во НБА освоена во 2021 година.
Сепак, во текот на изминатите три сезони, Милвоки е елиминиран во првото коло од плејофот, а оваа година другата ѕвезда на тимот, Дамијан Лилард, доживеа сериозна повреда. Плејмејкерот ја повреди Ахиловата тетива во серијата со Индијана Пејсерс и најверојатно ќе ја пропушти целата следна сезона. Милвоки нема пари за нови играчи, а покрај тоа, тимот нема контрола врз изборите од првата рунда на драфтот до 2030 година. Сите овие фактори го наведоа Антетокумпо да размисли да ја продолжи кариерата на друго место.
Изминатата сезона 2024/25 беше најсилната за Гркот на лично ниво, бидејќи забележа бројки од 30,4 поени, 11,9 скока и 6,5 асистенции во просек по натпревар, шутирајќи со стапка на успешност од 60 проценти од поле. Покрај неговите две награди за најкорисен играч (МВП) во 2019 и 2020 година, Антетокумпо има и награди за најкорисен играч во финалето, награди за одбранбен играч на годината, награди за играч со најголем напредок и девет настапи на Ол-стар натпреварот.
Тековниот договор на крилниот напаѓач со Милвоки, кој го потпиша во 2023 година, е со важност до крајот на сезоната 2026/27. Тој има опција автоматски да го продолжи за уште една сезона, во која би добил 62,8 милиони долари.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
