Анонимуси хакирале руски ТВ канали и на нив пуштале украински песни
„Русите користат бомби за да убиваат невини луѓе, но Анонимуси користат ласери за да ги убијат сајтовите на руската влада“, објавија Анонимус на Твитер, споделувајќи објава со која се потврдува падот на интернет страниците на Кремљ, Думата и Министерството за одбрана.
Украинската телеком агенција објави дека се урнати повеќе од шест страници на руската влада и дека руските ТВ канали се хакирани и дека на нив се пуштаат украински песни.
„Анонимус постојано работи на тоа да ги држи офлајн веб-страниците на руската влада и руските медиуми со цел да го ослободи рускиот народ од машината за цензура на Путин. Ние исто така работиме на тоа украинскиот народ да добие што повеќе информации онлајн“, напишаа Анонимус на Твитер. .
Да потсетиме, Анонимуси завчера објавија дека одат во сајбер војна против руската влада. Тие вчера ја хакираа веб-страницата на руското Министерство за одбрана и ја објавија нивната база на податоци.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини