Македонија
9. September 2017 - 9:27

Анкета за свеста на граѓаните за управувањето со отпад

Во Охрид денеска ќе биде спроведена улична анкета со цел да се види колкава е свеста на граѓаните за управувањето со отпадот.

Анкетата се спроведува во рамки на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“.

Целта на проектот е да се постигне интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во овие региони и да се подобри животниот стандард на околу 1.200.000 жители кои годишно произведуваат 330 илјади тони отпад. Проектот вклучува 43 општини од овие региони.