-->
-->
Анкета: Вучиќ ќе победи во првиот круг од претседателските избори
-->
Кандидатот на владејачката коалиција за претседателските избори во Србија, Александар Вучиќ ќе победи најверојатно уште во првиот круг, покажуваат резултатите од анкетата на „Ипсос стратеџик маркетинг“.
На прашањето ако изборите се одржат следната недела за кого ќе гласаат, 52,3 од испитаниците одговориле дека гласот ќе го дадат за Вучиќ.
На второ место според бројот на гласовите (13,9) е досегашниот омбудсман Саша Јанковиќ, а потоа (13,3) е поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.
Лидерот на радикалите Воислав Шешељ може да освои 11 проценти од гласовите, а лидерот на националистичкото движење Двери, Бошко Обрадовиќ - 3,7 отсто.
Официјалната кампања за претседателските избори се уште не е почната и може да се очекуваат промени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование