Анкета: Речиси 90 отсто од вработените сакаат да имаат избор за работа од дома
Речиси 90 отсто од работниците сакаат да имаат избор дали да работат од дома или од канцеларија откако ќе се отстранат ограничувањата во борбата против коронавирусот. Тие исто така сакаат поголема автономија во однос на работното време, се наведува во истражувањето од страна на компанијата Циско Системи (Cisco Systems).
Пандемијата брзо го смени односот кон работата од дома, покажува студијата, бидејќи две третини од работниците имаат повисока оценка за придобивките и предизвиците на работењето од дистанца. Иако само 5 отсто од испитаниците работеле од дома пред пандемијата, сега 87 отсто од вработените сакаат да добијат можност да изберат каде, како и кога да работат, комбинација на канцелариска работа и работа од дома, се наведува во извештајот на Циско.
Потпретседателот на Циско, Гордон Томсон вели дека компаниите ќе треба да направат измени за да ги исполнат новите барања на вработените, кои пред сè им даваат приоритет на ефективната комуникација и соработката. Тој истакна дека технологијата мора да се користи за да се осигури безбедноста на вработените и заштитата на нивните податоци во нивното работно опкружување, без разлика дали се дома или во канцеларија.
Според него, ова може да вклучува сензори што ја следат топлината и светлината на работното место или технологија што ја проверува социјалната оддалеченост и дали луѓето носат маски во канцеларијата.
– Веќе не станува збор само за поврзување на луѓето, туку за искуство што им го пружате на луѓето додека се поврзуваат, додаде Томсон.
Во анкетата се опфатени 10.000 луѓе на 12 пазари во Европа, Блискиот исток и Русија, како дел од студијата на Циско за иднината на работните места.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228