Анкета: Партијата на Макрон убедлива пред изборите в недела
Партијата на францускиот премиер Емануел Макрон ќе добие една третина од гласовите во првиот круг од парламентарните избори в недела што ќе и овозможи огромно мнозинство, се вели во резултати од анкета.
Според анкетата на Ипсос Сопра Стерија, партијата на Макрон, Република напред, ќе добие 31 отсто од гласовите во првиот круг на изборите на 11 јуни. Анкета од пред една недела укажуваше на 29,5 отсто.
Со тој резултат партијата на Макрон, формирана во април лани може да добие меѓу 397 и 427 пратеници од вкупно 577 места во Долниот дом на парламентот. Тоа би било едно од најсолидните мнозинства во изминатите 50 години.
„Републиканци“ се очекува да добијат меѓу 22 отсто и меѓу 95 и 115 места и покрај тој резултат ќе бидат најголема опозициска сила. Националниот фронт се очекува да добие 17 отсто гласови доволни за 5 до 15 места.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце