Aнкета на ИПСОС: Рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ 19%, СДСМ 9%, ДУИ 6%, Левица 5%
Рејтингот на партиите, според последната анкета направена од ИПСОС, покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ со 19% пред СДСМ кој има 9%. Рејтингот на другите партии е следен: ДУИ 6%, Левица 5%, Алијанса на Албанците 2%, Беса 1%, ДПА 1%, Алтернатива 1%.
На прашањето „Дали го поддржувате францускиот предлог“, 61,8% од испитаниците одговориле „не“, а 25,1% одговориле „да“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има највисок рејтинг меѓу политичарите според резултатите од анкетата. Прашани да ја оценат работата на политичарите со оценка од 1 до 10, најголем дел од анкетираните висока оценка дале за Мицкоски. Неговата работа е оценета со 7, додека премиерот Димитар Ковачевски од граѓаните добил оцена 4. Со тројка е оценета работата на Димитар Апасиев и на Али Ахмети.
Нарачател на анкетата е ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата е правена на терен од 2 до 21 септември 2022 година на репрезентативен примерок на над 1.000 испитаници.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска