Анкета: Мнозинството Чеси поддржуваат на смртна казна
Според најновата анкета на Центарот за истражување на јавното мислење, 58 проценти од граѓаните на Чешка се изјасниле позитивно за функционирањето на смртната казна во правниот систем, а против таквата казна биле 35 отсто, јави дописникот на МИА од Прага.
Таквите резултати се слични во изминатите неколку години, а не се менува јавното мислење ниту за правото на абортус и евтаназија, за што се согласуваат околу две третини од граѓаните.
Озаконета евтаназија, според анкетата, прифаќаат 66 проценти од луѓето, а 24 се против. Од 2010 година не е многу променет ниту односот на Чесите кон предвременеото прекинување на бременоста и 68 проценти од нив го поддржуваат абортусот.
Смртната казна на чешка територија беше укината во 1990 година кога е заменета со доживотен затвор. Последната смртна казна е извршена во февруари 1989 година, кога во Прага бил обесен петкратен убиец.
Ново на Сител
-
Германската полиција застрела вооружен маж
-
Министерот Трипуновски очекува да се намали увозот на храна
-
Истражување: Јадењето инсекти неприфатливо за над 80 отсто од луѓето
-
Забрана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август
-
Косово го забрани увозот на овци и кози од Македонија
-
ФК Силекс и Општина Кратово организираат заедничко гледање на натпреварот со Дечиќ
-
Многу топло време и утре, освежување од сабота
-
Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху