Анкета меѓу млади во САД: Подобро да не удри метеор отколку да победи Трамп или Клинтон
Младите Американци се толку незадоволни од понудата на претседтаелски кандидати што речиси една четвртина од нив во анкети наведуваат дека повеќе би сакале метеор да ја уништи Земјата отколку да го видат Доналд Трамп или Хилари Клинтон во Белата куќа.
- Такво прашање поставено е со цел да се одреди нивото на незадоволство меѓу младите Американци пред претседателските избори на 8 ноември, изјави Џошуа Дајк копретседател на Центарот за јавномислење при Универзитетот Лоуел во Масачусетс кои го објавија тоа истражување.
Од вкупно 1.247 испитаници на возраст од 18 до 35 години, 23 отсто рекле дека повеќе сакаат метеор да ја збрише Земјата отколку да доживеат победа на републиканецот Доналд Трамп или демократката Хилари Клинтон.
Дури 53 отсто повеќе сакаат удар на голем метеор отколку Трамп за претседател на САД, а 34 отсто повеќе сакаат уништување на планетата отколку во Белата куќа да влезе Хилари Клинтон.
Триесет и девет отсто сметаат дека е подобро Обама да се прогласи за доживотен претседател на САД отколку власта да им се предаде на некој од сегашните кандидати.
Нешто повеќе од 26 отсто рекле дека е најдобро новиот претседател да се добие преку – лотарија.
Западни медиуми наведуваат дека оваа накета е во спротивност со големиот одзив на младите за претседателските избори во 2008 година кои обезбедија прв мандат за Обама.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите