Анкета: Грците се борат со секс против кризата
Грците изгледа „удриле“ на секс, откако во локална анкета се нагласува дека сексуалните односи на мажите на возраст меѓу 18 и 34 години се зголемиле за 35 отсто во изминатите четири месеци од година во споредба со истиот период во 2016 година, објави грчкиот сајт Њуз-ин.
Тој неочекуван резултат се гледа од анкета на Андролошкиот институт во Атина, кој нагласува дека сексуалниот живот на Грците станал поинтензивен заради економската криза и несигурноста.
Се претпоставува дека зголемената сексуална активност е резултат на самозаштитна реакција со која Грците сакаат да ги надминат тешкотиите со кои се соочуваат и кои не можат да ги контролираат.
Анкетата е направена под форма на телефонско интервју со учество на 600 мажи на возраст меѓу 25 и 64 години. Мажите на возраст од 35 до 54 години имале повеќе сексуалните односи за 30 отсто, а меѓу мажите над 54 години е регистрирано зоглемување за 27 отсто, нагласува во резултатите Андролошкиот институт.
Институтот, иста така соопшти дека според последните податоци, во оваа установа дошле 10 пати повеќе мажи во однос на последните години, кои барале зголемување на пенисот. Андролошкиот институт наведува, дека она што посебно загрижува е тоа што зголемување на пенисот главно бараат млади и здрави мажи, беа какви и да се физиолошки проблеми.
Во студијата уште се наведува дека еден милион мажи страдаат од проблеми со ерекција, што поприма белези на епидемија.
- Стотици илјадници дијабетичари, мажи со висок крвен притисок, оние кои се на хронична терапија, лице со писихички нарушувања и маќи со други проблеми, како што е стрес, се огромен дел од оние мажи кои имаат проблеми со ерекција, изјави урологот и андролог Константинос Костантинидис.
Ново на Сител
-
ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда
-
Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка
-
Џафери ќе информира за работата на техничката Влада
-
Путин повторно го предложи Михаил Мишустин за премиер
-
Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа
-
Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија
-
Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас