Анкара преговора со Москва за набавка на системи С-400
Турција преговара со Русија за условите на договорот за набавка на противвоздушни ракетни системи С-400, соопшти директорор на руската компанија за извоз на борбена техника „Рособоронекспорт“, Александар Михев.
- Турција навистина пројавува голем интерес за руските противвоздушни ракетни системи со голем дострел. Сега се водат преговори за договорот, истакна Михев.
Тој наведе дека нема проблем со компатибилноста на руските системи со оние што веќе ги корист турската армија.
Михев напомена дека Грција оддамна расплога со руски противвоздушни системи С-300 и при тоа нема никаков проблем со нивното користење.
На 1 јуни рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија е подготвена да и испорача противвоздушни ракетни системи С-400 на Турција.
Претходно, како што јави ТАСС, оваа тема беше разгледана при разговорите на 3 мај меѓу Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер