Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња во отворена дупка близу депонија Шапкар
Анима Мунди објави видео на Фејсбук од дупка на која се гледаат распаднати тела на кучиња и друг отпад.
„Распаднати тела од кучиња и друг отпад во отворена дупка близу депонија Шапкар – ова ли се ЕУ стандарди кои им ги продавате на граѓаните, ваков ли е хуманиот третман на кучињата во ЈП Лана?
На територија кај село Сачево каде наводно хумано се третираат кучиња од 5 општини: Струмица, Демир Капија, Ѓевгелија, Велес, Валандово ; на локација која е тешко пристапна, скриена од сите , покрај моралната катастрофа - за убиство на животни чија благосостојба треба да е гарантирана со закон- се случува еколошка катастрофа опасна по сите жители во реонот Доброшинци каде ЈП Лана ги носи мртвите лешеви, дувло на болести и зарази.
Прашуваме, ова ли се вдомените кучиња од ЈП Лана, кои како такви фигурираат во некви си смешни извештаи на претпријатието, како бројки?
Бараме итно постапување од Агенцијата за храна и ветеринарство , темелна истрага и затворање на стацинарот се додека не се овозможат сите услови за хуман третман на животните, обезбеди задолжителен влез на струмичките активисти, казнат општините и сите одговорни и инволвирани за убивањето на животните, градоначалниците на општините кои ги наведовме во кои гледаме наредбодавци.
Бараме итен инспекциски надзор Министерството за животна средина, Државниот испекторат за животна средина , наодите да се соопштат јавно, а сторителите казнат“. - пишуваат од Анима Мунди.
Ново на Сител
-
Баерн и Фламенго први осминафиналисти на Светското клупско првенство
-
Уапсено лице од тетовско, возело со 190 км на час на место каде што е дозволено 80
-
Путин: Киев мора да ги признае резултатите од референдумот или конфликтот ќе продолжи
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност