Англичанец носел змија како маска во автобус
Човек од Велика Британија во понеделникот се качил во автобус на релација Свинтон – Манчестер, носејќи змија како заштитна маска.
Една од патничките изјави дека уште веднаш ѝ се чинело дека мажот носи чудна „маска“, сè додека не забележала дека змијата мрда и ползи околу шипката. Друга жена, која исто така, била во автобусот, и којашто побара да остане неименувана, рече дека настанот бил „навистина смешен“, и оти животното не ги вознемирувало патниците.
Кусо потоа се огласија и надлежните во Манчестер, изјавувајќи дека змијата не е cooдветен начин за покривање на лицето.
Заштитните маски во британскиот јавен превоз се задолжителни за сите, освен за деца под 11-годишна возраст и за лица кои не смеат да носат маски поради нарушено здравје или попреченост.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга