Анѓушев во посета на стопанските капацитети во Свети Николе

Владината мерка за месната индустрија, со која се ослободуваат од царина за одредени суровини, кои ги користат во процесот на производство ги даде своите ефекти, забележа при денешната посета на МИК - Свети Николе, вицепремиерот, Кочо Анѓушев. Бројките кажуваат дека со оваа владина мерка производството во месната индустрија се зголемило за 30 отсто, а извозот на производите за 60 проценти.
- Долги години месната индустрија се справуваше со овој проблем на неконкурентност на нашите производни капацитети и на домашниот пазар и во извозот. Со воведување на мерката за ослободување на царина на дел од суровината, којашто оваа месна индустрија ја користи, мислам дека го направивме вистинскиот потег, како Влада и придонесовме да оваа индустрија има раст и развој. Навистина состојбата беше таква што еден добар дел од таквите индустриски капацитети во месната индустрија беа пред затварање или веќе беа затворени, вели Анѓушев.
Управителот на МИК Свети Николе, Гоце Трајчев забележа дека ефектите од оваа мерка ги почуствувале во изминататат година, а денеска тој како претставник на месната групација и лично на Анѓушев му го даде и новото барање за продолжување на оваа мерка за ослободување од царина на одредени суровини и тоа за наредните шест месеци.
- Месната индустрија не бара протекционизам, не бара субвенции, бараме само изедначување со условите на функционирање заедно со странските конкуренти, кои што настапуваат со слични или вакви производи на нашиот пазар. Се надевам дека со првичните резулати ги убедивме надлежните дека се позитивни и со таа цел и ќе го прифатат барањето, вели Трајчев.
Вицепремиерот, Кочо Анѓушев и министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска ја посетија и фабриката БИМ во Свети Николе, компанија која е извозно ориентирана, а е една од 107 компании кои потпишаа договор за користење на средствата од Фондот за иновации. Анѓушев истакна дека е задоволен што во оваа компанија гледа дека средствата се искористени токму во процесот на производство, а машината е иновирана од инжињер, кој е вработен во БИМ. Оваа машина придонела и за зголемување на обемот на производство.
Директорот на БИМ-Свети Николе, Стојанче Стојанов истакна дека во 2013 година самите направиле големи инвестиции, а овие средства од Фондот за иновации придонеле да си го зголемат и подобрат производството. Смета дека оваа мерка е добра, но истата, како што рече и треба да се надоградува.
Вицепремиерот Анѓушев попладнево ги слушна и барањата и потребите на стопанствениците од Општина Свети Николе. в
Ново на Сител
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
-

Собранието ќе ја почне 108-та седница
-

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
-

Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари
-

Зеленски: Одобрив 40-дневна операција за да ја принудиме Русија да ја заврши војната
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
