Бизнис
3. јуни 2018 - 16:29

Анѓушев очекува решение за „Еурокомпозит“ и „Колска“, тврди дека имало нови инвестиции во ТИРЗ Скопје

Приватизацијата е клучот за да можат прилепски „Еурокомпозит“ и „Колска“ Велес да продолжат да работат.  Интерес  кај инвеститорите има за двете компании.

Од владата се оптимисти, велат дека за фабриките кои подолго време се со проблеми има иднина. Но потребо е да се направат анализи за да се види во каква состојба се тие.

Генералниот секретаријат веќе објави оглас за избор на консултант кој треба да  го утврди сопственичкиот удел на фирмите долговите кредитите и оперативните загуби, а потоа врз основа на овие податоци да предложи три модели за продажба на компаниите. Анѓушев уверува дека приватизацијата нема да го намали бројот на работници напротив ќе има потреба и од нов кадара за работа.

Анѓушев  рече дека  во земјава влегле уште две нови инвестиции во зоната во Скопје. Тврди  дека се преговара со уште 200 те компании, од кои со 30 тина разговорите се во завршна фаза.

Посочи дека во првиот квартал годинава влегле 235 милиони евра странски инвестиции и дека тоа е најуспешниот квартал од било кое тримесечие досега.

На  оваа реагираа од опозицијата. Странските инвеститори се повеќе размислуваат да си заминуваат од Македонија. 

СДСМ единствено може да се пофали во првиот квартал на 2018 година со 300 милиони евра нови задолжувања кои паѓаат директно на грбот на граѓаните и во иднина ќе ги враќаат граѓаните.

Психолошката граница од 5 милијарди евра јавен долг веќе одамна ја поминаа уште во првата година од владеењето, а проекти нема.

Нема капитални инвестиции, нема покачување и раст на економските параметри, нема повисоки плати и пензии, нема задоволни стопанственици, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.