Анѓушев: Надминат проблемот во „Колска“
Надминат е проблемот во фабриката за шински возила „Колска“, Владата обезбеди пари за плати на вработените и за нормална работа, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
На средбата што ја имал изутрината со вработените во Колска, а кои протестираа вчера, како што рече Анѓушев, лично потврдил дека Владата има решение за нивниот проблем, бидејќи очигледно некој манипулира и пренесува погрешни информации на работниците.
- Владата донесе заклучок со кој се обезбедени 15 милиони денари за Колска, со кои не само што ќе се исплатат плати, туку ќе се искористат и за набавка на репро материјал, за фабриката да продолжи да работи. Многу важно за работниците е фабриката да има иднина и да продолжи да работи и функционира, а сето тоа ќе се изведе во рок од седум до десет дена, согласно законските процедури, рече Анѓушев.
Според Анѓушев, работниците на „Колска“, биле задоволни од она што го слушнале на средбата, надминати се недоразбирањата и пренесени се вистинските информации поради што очекуваат надминување на нивните повеќегодишни проблеми.
Вработените во „Колска“, единствената фабрика за сервисирање делови на возови во Македонија, вчера одржаа двочасовен протест со блокада на железничкиот сообраќај кај Велес.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите