-->
-->
Ангеловски повика 17-годишен играч на Келн
-->

Младиот Дарко Чурлинов кој официјално е член на германскиот второлигаш Келн е новото име на списокот на селекторот на А- селекцијата на Македонија Игор Николовски.
Осумнаесетгодишниот Чурлинов кој има играно за сите наши селекции до 18г. ќе се приклучи на подготовките за контролниот натпревар против Белорусија на 28. март (вторник) во 18:00 часот на Националната арена во Скопје.
Доколку добие шанса за настап против Белорусија фудбалерот на германски Келн ќе стане најмладиот репрезентативец со 16 години и осум месеци.
Против Белорусија во комбинација за настап ќе биде и Езџан Алиоски кој поради жолти картони немаше право на настап на натпреварот против Лихтенштајн.
По настапот за сениорската репрезентација во Вадуц, на репрезентативниот тим до 21 година се приклучуваат и шестте фудбалери кои беа на располагање на Игор Ангеловски, голманот Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бобан Николов, Давид Бабунски, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
