Ангеловска: Да се гордееме со домашните текстилни компании

Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет!, напиша министерката за финансии Нина Ангелоска на својот фесбук профил.
– Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем во април споредено со април минатата година. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот, наведува во објавата.
Таа додава дека најмногу заштитна опрема според вредност сме извезле во Германија, Катар, Холандија, Белгија и Австрија.
Оценува дека брзата адаптација е клучот за успехот.
-Се шијат и извезуваат:маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300% е зголемен извозот на ”други текстилни производи”: април 2020 - 390 милиони денари, април 2019 - 135 милиони денари,наведува министерката и додава дека тоа е пример за сите и дека најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат.
Порачува да се обидеме да бараме можности во проблемите, наместо проблеми во можностите.
Ново на Сител
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
