Македонија
2. April 2021 - 11:16

Ангелова: Државата да ги зголеми правата на лицата со аутизам, Унијата на жени се залага за нивна целосна инклузивност

„Бог не може да биде насекаде, па затоа ги создал мајките.“

Мајка која расте, воспитува и се грижи за дете со посебни потреби е херој на модерното општество. Соочувајќи се со цивилизациските норми, критериуми, предрасуди, тие се најсилните, најистрајните, најсмелите меѓу нас.
Мајки на деца со аутизам! Вие честопати се прашувате дали правите се што е потребно за доброто на своето дете?
„Растењето не значи ништо за една мајка. Детето си е дете. Тоа станува поголемо, постаро, но да порасне? Што треба тоа да значи? Во моето срце тоа не значи ништо.“
Со цел пошироката јавност подобро да ги разбере тешкотиите на детето со аутизам, грижата за  неговите потреби и одредени однесувања, важно е да знаеме дека ова не е само развојна фаза што ќе се надмине. Детето се однесува на овој начин бидејќи моторниот немир, импулсивноста и тешкотијата во одржувањето внимание се биолошки условени, не може да ги контролира ниту пак да ги надмине.
Мајките на овие деца се непресушен извор на трпение, разбирање, поддршка и неограничена, безусловна и безрезервна  љубов. Таквата љубов е нишката меѓу нив и нивното дете и меѓу нив и секојдневните должности на несекојдневна мајка.
Нивната претпазливост, секој нивен  страв, болка, несреќа и тага е исто толку голема колку и  нивната  љубов. Навикнати се да ги премолчувате тие нешта, оти нашето општество не е вистински подготвено да го слушне нивниот глас.
Лицата со аутизам треба да ги делат истите права и привилегии кои ги уживаат сите луѓе онаму каде се определени за доброто на овие лица.
Овие права треба да бидат зголемени, заштитени и определено законодавство треба да обезбедува правила за нивно остварување во секоја држава.

ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ – Повикува институциите да ги признаат и имплементираат правата на овие лица  кои подразбираат:
а.) право да живеат независно – тоа е базично право на сите луѓе во цивилизирано општество.
б.) право да се застапувани и да се вклучуваат колку е тоа можно во одлуките кои влијаат на нивната иднина;
в.) право на достапно и соодветно образование, сместување, помош и служби за поддршка;
г.) право на ослободеност од страв, закани од погрешен третман,
д) Право да учествуваат и да имаат корист од културата, забавата, рекреацијата и спортот.
ѓ) Право на вработување и вработувањето да ги има во предвид можностите и изборот на поединецот.

Последиците да се биде роден со аутизам не треба да вклучуваат отстранување, ослабување или понижување на правата кои ги уживаат сите членови на општеството.

Овие права и привилегии треба да се прошират и зголемат за да се осигура дека лицето со аутистичен потенцијал не е задушено од незнаење, страв, бездушност или предрасуди.

Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложува на интензивна соработка и помош во сите сфери со цел што побрза и ефективна инклузивност на лицата со аутизам во општеството.

Емилија Ангелова, генерален секретар на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ