Македонија
7. October 2022 - 14:38

Ангелов: Унапредување на квалитетот на работата на ЦУК преку обука со сопстевени кадри

Инаку, обуката на операторите – приматели на повици на Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112, ЦУК го организираше со сопствени кадри од Секторот Е -112 и се одржа во периодот од 3 до 7 октомври за дел од вработените кои се приматели на повици во Скопје.

– Фактографски и кусо, преку бројот на примени повици, податоците ја отсликуваат големата фреквенција на работа на Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК, од неговото пуштање во употреба на 11 февруари, на Денот на Европскиот број за итни случаи 112, па до 1 октомври годинава, конкретно, се примени вкупно 326.524 повици или во просек 1407 повици дневно, информираат од ЦУК.

Бројките, согледани по месеци се следните: во месец февруари, кога се примаа повици само од територијата на Скопје, се регистрирани 11.321 повици, а просекот бил околу 629 повици дневно.

Од 1 март 2022 година на 112 започна приемот на повици од цела територија на државата. Во месец март се примени 55.767 повици и просекот е 1.799 повици дневно. Во април се примени се 42.100 повици или во просек 1.403 дневно. Во мај имало 44.839 повици или просечно 1.446 на ден. Во јуни се примени 41.759 повици или 1.392 дневно. Во јули се регистрирани 44.467 повици или во просек 1.434 дневно. Во август, пак, се примени 47.553 повици или во просек 1.534 повици дневно. Во септември имало 38.628 повици или просечно 1.407 на ден.