Ангелов: ПМ честичките се зголемени, но отровни материи нема, граѓаните да бидат спокојни
Ние попладнево одржавме и група за процена за да ја процениме потребата од прогласување на кризна состојба на територијата на градот Тетово. Проценивме дека нема потреба од прогласување на кризна состојба на оваа територија бидејќи нема опасност за граѓаните, односно опасноста е завршена. Имаме целосна контрола врз пожарот. Од друга страна тимот од АБХО, тимот на армијата утврди дека нема токсични материи во воздухот и извршија мерење со најсовремена апаратура на самото место, непсредно во самиот пожар, но и во околниот простор и е утврдено дека нема отровни материи. Се разбира дека штетни материи има од согорување на било кое место. ПМ честичките секако дека се зголемени, но отровни материи нема, граѓаните според информациите кои ги имаме можат да бидат спокојни, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во Дневникот на ТВ Сител.
Директорот на ЦУК додава дека ќе бидат направени и дополнителни анализи.
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
