Ангелов: Оваа Влада постапува неселективно, луѓе од првиот ешалон ги става зад решетки
Стојанче Ангелов во вчерашното гостување на ТВ24 изјави дека апсењето на екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски покажува решителност на владата да се справи со криминалот во државата па дури и ако се вклучени државни функционери од владејачката гарнитура.
-Ова преставува неселективност во приодот, одговараат сите кои направиле, прават или ќе направат кривично дело. Ова покажва сериозност на владата, требаше одредено време владата да ги пофаќа конците, но сведоци сме дека во последно време големи зверки завршија зад решетките, вели Ангелов.
Тој додава дека сепак треба да се почитува презумпцијата на невиност и дека Рашковски е се уште невин се до конечна одлука на судот.
-Факт е дека оваа Влада постапува неселективно, луѓе од првиот ешалон ги става зад решетки, додаде Ангелов.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа