Ангел и ноти на споменикот на гробот на Јелена, еве каков епитаф одбра сопругот
На гробиштата Збег во Борча од рано утрово мајсторите каменоресци почнаа да работат на подготовката на откривањето на споменикот на Јелена кое е предвидено денеска во 11 часот.
Прв на нејзиниот гроб дојде нејзинито сосед Дејан, кој денеска полни 18 години. Тој донесе црвен гербер и свеќа и чека мајторите да завршат за да се поклони. На гробот дошол зошто се родени на ист ден, а и многу ја сакал. Трчале заедно...
На Дејан (18) таткото му починал минатата година, а инаку е братучед на малечката Милица Ракиќ која за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, настрада во своето креветче во куќата во Батајница.
Инаку, на споменикот е сликата од Јелена со микрофон, а изгравиран е и нејзиниот потпис. На плочата која го прекрива гробот во долниот десен агол се изгравирани ноти и ангел.
„Таман смо, таман дисали исто... Била ми ј свака пора коже, сад је на теби да је загрлиш, Боже!, се дел од стиховите кои се врежани во камената книга на надгробната мермерна плоча.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани