-->
-->
Андреев: Не чека тежок меч во Скопје
-->

По нерешениот резултат 0:0 на гостувањето во Никозија кај АПОЕЛ, македонскиот првак Вардар пред својата публика во Скопје ќе има голема можност да обезбеди пласман во следната квалификациска рунда за Лигата на шампионите.
Сепак, тренерот на ,,црвено-црните" Сергеј Андреев ја спушта топката велејќи дека пред неговите фудбалери е многу тежок меч во Скопје.
„ АПОЕЛ е тим кој игра поразлично на гостински терен. Резултатот 0-0 никогаш не е доволен. Ниту победа од 0-2 или 0-3 не значи ништо во денешниот фудбал. Патникот во следното коло зависи од двата натпревари. Во Скопје не очекува еден исклучително тежок натпревар каде што ние ќе ја имаме поддршката од публиката", изјави Андреев.
Предводникот на Вардар, потенцираше дека работата ни од далеку не е завршена и дека за реваншот неговите избраници ќе мора уште повеќе да бидат подготвени.
,,Уште ништо не е готово и нема простор за славје. Треба добро да се подготвиме и за реваншот и не смееме да мислиме дека работата е завршена. Ова е Лига на шампиони и патникот понатаму го одлучува еден момент, една грешка", дополни Андреев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
