Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги

Крушево доби Центар за услуги преку кој граѓаните ќе можат полесно да пристапуваат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење, соопшти денеска Министерството за дигитална трансформација.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираа новиот Центар за услуги во Крушево, кој е шеснаесетти ваков центар во мрежата на Министерството.
Според Министерството, со отворањето на Центарот се овозможува подостапен пристап до дигиталните услуги за жителите на Крушево и околните населени места, при што граѓаните ќе можат да добијат непосредна поддршка за користење на електронските услуги.
-Ова е 16. ваков центар на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните ќе добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги. Со отворањето на Центарот во Крушево директно ги отстрануваме бариерите поврзани со возраста, дигиталната писменост и местото на живеење, со што ги доближуваме услугите до секој граѓанин - изјави Андоновски.
Градоначалникот Чонески истакна дека Центарот ќе придонесе за поедноставен пристап на жителите до јавните услуги што се достапни по електронски пат.
Од Министерството за дигитална трансформација наведуваат дека ќе продолжат со проширување на мрежата на центри за услуги со цел придобивките од дигитализацијата да бидат достапни за граѓаните во сите делови од државата.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
