Андоновски: Шилегов сака со паушални ветувања и неиздржани проекти да манипулира со граѓаните
Шилегов сака со паушални ветувања и неиздржани проекти да манипулира со граѓаните. Шилегов нема програма за Град Скопје туку паушални и неиздржани лажни ветувања кои се распрснуваат како меур од сапуница, истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Доказ дека памфлетот на Шилегов е всушност список на нереални ветувања до кој не е дојдено плански се три примери: Прво, Шилегов ветува дека Езерото Треска ќе го врати во функција, но очигледно ветува нешто што не е во негова надлежност. Тоа е во надлежност на Општина Сарај, каде градоначалникот е од коалициониот партнер на СДС и досега имаше 4 години тој проект да го реализира. Тие сепак, не направија ништо. Второ, Шилегов вети нов парк со урбани содржини над бунарите во Нерези од каде Скопје заедно со Рашче се снабдува со вода. Не само што е забрането да прави парк туку неговата идеја може целосно да го загрози и снабдувањето со вода на цело Скопје и неговата околина. Трето, на истото тоа место, кое е од витално значење за Скопје. Шилегов планира и изградба на мост и крстосница. Четврто. Во Аеродром вети изградба на мост на место каде веќе има.
-Шилегов однапред знае дека не може да го оствари тоа што го ветил и свесно лаже. СДС сака да ја прикрие својата неспособност и криминал со секакви ветувања. Овие политики на СДС ќе бидат казнети на 15-ти октомври од граѓаните кои веќе ги прочитаа сите предизборни памфлети на СДС, а не видоа ништо од реализираното, потенцираше Андоновски.
Ново на Сител
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски