-->
-->
Анчелоти го надмудри Диего Симеоне
-->

Големото шпанско и мадридско дерби му припадна на Реал. „Кралевите“ кои на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-0 го победија составот на Диего Симеоне и се зацврстија на лидерската позиција во Ла Лига по 17 одиграни кола.
Повратникот во екипата, Карим Бензема уште во 16 минута ја стресе мрежата на Облак, на додавање на Винисиус Жуниор.
Анчелоти на полувреме го смени Французинот и на негово место во игра го внесе Лука Јовиќ.
Сепак, наместо Србинот, вторпат патот до мрежата на „јорганџиите“ го најде Асенсио, повторно по асистенција на Винисиус.
Иако Атлетико имаа повеќе упатени кон голот на Куртоа, Белгиецот запиша 5 успешни асистенции и ја зачува мрежата чиста.
По 17 одиграни кола, Реал е лидер со 42 бода, дури 13 повеќе од денешниот ривал кој е на четвртата позиција на табелата.
Севилја е второпласирана со 34 поени, само еден повеќе од екипата на Бетис која попладнево со убедливи 4-0 ја реши екипата на Реал Сосиедад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
