Анчелоти: Болен пораз, Сити беше подобар
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја призна супериорноста на Манчестер сити над Реал Мадрид во синоќешниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ победија со 4:0 и со вкупни 5:1 одат во финалето.
- Противникот одигра подобро и заслужи да победи. Тој ни направи голем притисок на почетокот на натпреварот и тоа функционираше. Ни беше тешко да започнеме напади. Успеаја да поведат, а после тоа ни беше тешко да се вратиме во игра. Се обидовме во вториот дел, но не ни одеше. Боли да губиш така, боли многу, но тоа се случува. Стигнувате до полуфиналето на Лигата на шампионите, се среќавате со силен противник, му отстапувате место во играта и останувате без финале. Во ред е, треба да ја научиме лекцијата и да се претставиме подобро во следното издание. Му честитав на Гвардиола по натпреварот бидејќи неговиот тим беше подобар. Минатата година успеавме да победиме, оваа година на ред беа они. Вака функционира фудбалот, понекогаш губиш, Анчелоти.
Во финалето Манчестер Сити ќе игра со Интер на 10 јуни во Истанбул.
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
