Анастасијадис подготвен за обнова на преговорите за Кипар

Претседателот на Кипар, Никос Анастасијадис изјави дека е подготвен да се врати на преговарачката маса со претставниците на кипарските Турци, по неуспехот на преговорите во Кран Монтана летово.
- Решавањето на ова прашање е најважната реформа која државата може да ја направи. Турција мора да сфати дека не може да држи една независна држава како заложник. Ние сакаме иднината на Кипар да ја решат кипарските Грци и кипарските Турци, изјави Анастасијадис за време на собир во главниот град Никозија.
Двете кипарски заедници преговараат под покровителство на Обединетите нации за повторно обединување на островот, кој беше поделен во 1974 година по државен удар група офицери кипраски Грци, чија цел беше обединување на Кипар со Грција. По пучот, Турција воена интервенираше на Кипар, преземајќи контрола врз северниот дел на островот, каде подоцна беше поргласена Турската Република Северен Кипар, која е призанта само од страна на Анкара.
На последната рунда преговори, и покрај интервенција на Вашингтон, предложеното решение не беше прифатено, па тие пропаднаа.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
