Аналитика: За извозно ориентираните компании, „Отворен Балкан“ нуди нови можности за економијата
Извозно ориентираните компании сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компаниите, покажува истражувањето што го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“.
Високи 96,4 проценти од анкетираните одговориле дека иницијативата би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти 3,6 проценти кои сметаат спротивно.
Компаниите опфатени во истражувањето, во најголем дел сметаат дека во моментот не постојат пречки за економска соработка во регионот. Девет од десет анкетирани или 89,3 проценти рекле дека не постојат пречки за економска соработка меѓу земјите во регионот додека 10,7 проценти навеле конкретни проблеми и пречки. Најчесто споменувани пречки се долгото задржување на границите, обемната документација и другите административни проблеми кои го успоруваат или отежнуваат работењето.
На прашањето „Дали сметате дека со иницијативата Отворен Балкан можностите за трговска размена во регионот ќе бидат исти како меѓу земјите членки на ЕУ?“, најголем дел или процентуално 63,3 од анкетираните рекле дека можностите ќе бидат исти, 30 проценти сметаат дека ќе бидат слични, но не исти, а останатите 6,7 проценти немале доволно информации за да оценат.
Според истражувањето, најголем дел од компаниите сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан” ќе го олесни движењето на капиталот (92 проценти). Четири од десет анкетирани (41,7 проценти) сметаат дека најголемо олеснување за движење на капиталот е потребно кај директните инвестиции, потоа во личните движења на капитал (33,3 проценти) и во финансиските заеми и кредити (16,7 проценти). Дополнитлено, 79,3 проценти од компаниите сметаат дека „Отворен Балкан“ ќе го олесни движењето на луѓето во целост.
Според „Аналитика“, главните предизвици на земјите од Западен Балкан се зајакнување на добрососедските односи, посилна борба со корупцијата и организиралниот криминал, владење на правото и продолжување на реформите за влез во ЕУ.
Истражувањето е изработено во рамки на проектот „Економска интеграција на Западен Балкан – мини-шенген, регионална економска соработка и заеднички регионален пазар – мапирање на напредокот – можност за приближување на Македонија кон внатрешниот пазар на ЕУ”, што го спроведува Аналитика – Скопје, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Ново на Сител
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи