Македонија
21. July 2015 - 16:15

Аналитичари: СДСМ на избори со празна реторика, наспроти програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Понудата ќе биде главниот избор на гласачите на следните парламентарни избори на 24 април и токму тоа е причината за дополнителната нервоза што владее во опозицискиот табор. Изминативе девет години граѓаните во Македонија избираа меѓу предизборната прглама на ВМРО ДПМНЕ и празната реторика на опозицијата.

Политичките аналитичари велат дека таквата воспоставена пракса ќе се случи и на следните избори. Едноставно мекдонските гласачи сакаат реална и јасна понуда, која изминативе години недостасуваше кај опозицијата. Аналитичаерите сметаат дека освен тоа што главната преокупација на лидерот на СДСМ, е јавниот обвинител и првото место во МВР, со цел д масе избегне вината во случајот ПУЧ, дополнителна главоболка на СДСМ е немањето конкретна и јасна програма. Во таа насока се и минатонеделните информации објавени во некои медиуми, дека СДСМ планира да прави програма со помош на италијанска компанија од Миланод.

Политичките аналитичари во ова гледаат повече обид да се создаде некаков привид за некаква програма, наспроти реалноста. Речиси нереално е да се очекува некаква пи ар агеницја од Италија да понуди квалитетен преизборен призвод како програма, ако нема никаква допорна точка со реалните проблеми на граѓаните.

Истите аналитичари потсетуваат дека за разлика од опозиција, владеачката ВМРО - ДПМНЕ предизборните програми ги прави врз непосредното искуство со граѓаните на терен.