Кошарка
31. May 2021 - 9:17

Анадолу Ефес е нов европски шампион

Победник во сезоната 2020/21 во кошаркарската Евролига е турски Анадолу Ефес. Во финалето одиграно вечерва во Келн, Ефес ја совлада Барселона со 86:81.

Ова е прв трофеј европски шампион во историја на тимот од Истанбул.

Во 2019 година, тимот загуби од ЦСКА во финалето.

Во мечот за третото место Милано ја победи ЦСКА Москва со 83:73.