АМСМ информира каква е состојбата на патиштата ова снежно утро

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Ѓавато, како и на патниот правец крак Маврово - Дебар, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег.
Магла со видливост до 50 метри има на Плетвар, а снег со слаб интензитет паѓа во Kрива Паланка, Дебар, Ресен, Ѓавато, Пресека, Железнец, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Делчево, Велес, Неготино, Кула и Петровец, додека слаб дожд врне во Удово и Гевгелија.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
