АМС: Стојанче Стоилов спортист на 2017г
Доминација на ракометот во изборот на најдобрите во 2017 година во организација на Агенцијата за млади спорт на Македонија.
Капитенот на европскиот ракометен првак Вардар, Стојанче Стоилов е најдобриот спортист во нашата држава по успехот со Вардар и ракометната репрезентација која ќе настапи на ЕП во Хрватска. Кире Лазаров е спортист на годината со најголем придонес. Сето она што го направија ракометарите секако е за секоја почит и доказ како треба другите да продолжат да работат.
„Огромна чест и задоволство е да се биде најдобар во годината. Од спортскиот крем на Македонија сум избран за спортист на 2017 година. Пред мене многу подобри играчи ја освојувале и мене ми претставува задоволство што сум во тоа друштво. Ова е огромно лично задоволство, но ракомет не се игра сам. Сакам да им се заблагодарам на колегите од клубот и од репрезентацијата. Направивме голем успех со освојувањето на Лигата на шампионите. Оваа година беше трофејна со многу награди, а се надевам дека следната ќе биде уште подобра почнувајќи уште во јануари на Европското првенство во Хрватска каде верувам дека нема да разочараме“, изјави Стоилов после добивањето на наградата.
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски