Ампутирана ногата на 20-годишната девојка што беше тешко повредена во автобуската несреќа
Последните информации се дека шестмина се уште се во тешка состојба по сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Меѓу повредените е и 20-годишна девојка која има големи повреди на ногата.
Шест пациенти сè уште се во тешка состојба. Четворица се на КАРИЛ со тешки повреди во абодменот, повреди на глава. На 20-годишната девојка ѝ е извршена ампутација на нога, била во животозагрижувачка состојба. Во болницата „8 Септември“ двајца се во критична состојба со повреди на главата.
Во Градската болница „8 Септември“ има 28 пациенти, 6 се пуштаат на домашно лекување. Еден од нив е Абдулбахри Исмаили, денеска ја напушти болницата „8 Септемеври“. Тој седел во третиот ред, се било многу брзо, автобусот се превртел. Со повреди на главата бил примен во болница, но за среќа со полесни повреди.
Ноќеска во ГОБ „8 Септември“ биле оперирани 14-годишно момче и 40-годишен маж. На оваа клиника двјаца се на респираторни машини со повреди на главата.
Во сообраќајната незгода што се случи пред два дена загинаа 14 патници. Вчера заврши идентификацијата на загинатите.
Ново на Сител
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците