Американските сили привремено ја напуштаат Либија
Американски воени претставници објавија дека војската на САД привремено ја напушта Либија. Ваквата одлука доаѓа по три дена од обновениот конфликт меѓу вооружените ривалски групи во земјата.
Генерал Томас Волдхаузер изјави дека безбедносната состојба во Либија станува сé покомплексна и непредвидлива, но не наведе каде ќе бидат преместени американските сили.
Лидерот на меѓународно непризнатата администрација во Либија и командант на самоорганизираната Либиска национална армија, Калиф Хафтар пред три дена им нареди на своите трупи да тргнат кон главниот град Триполи што е под контрола на силите лојални на легитимната Влада на национално единство на премиерот Фајез Сераџ.
Хафтар го објави повикот во видео наречено „Операција за ослободување на Триполи“.
Либија од соборувањето од власта и свирепото убиство на лидерот Моамер Гадафи е поделена на територии под контрола на меѓународно признатата Влада на Сераџ во Триполи и паралелна администрација лојална на Хафтар.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста