-->
-->
Американските авиони Б-52 пристигнаа во Катар
-->
Американските авиони бомбардери Б-52 кои Белата куќа ги упати кон Персиски Залив поради неодредена закана од Иран, пристигнаа во американската воена база во Катар.
Американската воздухопловна централна команда објави фотографија на која се прикажани бомбардери како синоќа пристигнуваат во базата Ел Удеид во Катар.
Белата куќа во неделата објави дека испрати носач на авиони Абрахам Линколн и бомбардери во Персиски Залив поради наводните закани од Техеран. Американската администрација не објасни за какви закани станува збор.
Носачот на авиони Абрахам Линколн вчера помина низ Суецки Канал и плови кон Персиски Залив.
Иран во средата најави делумно повлекување од нуклеарниот договор од 2015 година, една година откако САД се повлекоа од Договорот.
Иранскиот претседател Хасан Рохани на европските лидери им даде рок од 60 дена да изнајдат начин да го заштитат Иран од американските санкции или во спротивно Техеран ќе почне да збогатува ураниум на ниво на вооружување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце