Американскиот Сенат го призна геноцидот врз Ерменците
Американскиот Сенат денеска ја одобри резолуцијата со која масовните убиства на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги признава за геноцид.
Резолуцијата претходно три пати беше блокирана на барање на Белата куќа, но денеска едногласно беше прифатена.
Необрзувачката резолуција, што ја поднесоа демократиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси и републиканскиот сенатор од Тексас,Тед Круз, потврдува дека геноцид имало и дека за тоа е одговорна Турција, пренесоа американските медиуми.
-На своите пријатели и колеги им велам – геноцид е геноцид, рече Менендез и додаде дека сенаторите треба да имаат храброст тоа и да го кажат „ јасно, гласно и без резерва“.
Менендез и Круз три пати се обидуваа да се донесе резолуцијата преку процедурален маневар што ќе го овозможеше гласањето без долги расправи. Секој пат некој републикански сенатор ќе приговореше, наведувајќи го неодобрувањето на Белата куќа како причина за тоа.
Турција со години лобираше против американското признавање на убиствата на османлиските Ерменци за геноцид.
-Турското повеќедецениско противење на резолуцијата беше „најдолгото вето врз американската надворешна политика“ на некоја странска сила во американската историја, изјави Арам Хампаријан, извршен директор на Ерменскиот национален комитет на Америка.
Историчарите проценуваат дека околу 1,5 милиона Ерменци се убиени меѓу 1915 и 1917 година, а многу научници тоа го гледаат како првиот геноцид во 20. век.
Ново на Сител
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен