Американскиот дипломат Мекгурк не успеал да постигне ирачко-курдски договор за градот Киркук

Водечкиот американски дипломат задолжен за борбата против Исламската Држава Брет Мекгурк побарал од ирачките власти да не го освојуваат градот Киркук од курдските сили, но неговото барање било одбиено, јавува агенцијата Блумберг.
Според новинарот Илај Лејк, САД биле загрижени од пропагандниот ефект кој ќе се појави во јавноста доколку ирачката армија и курдските сили, кои до минатата недела беа сојузници во борбата против ИД, сега се свртат едни против други во пресметка за пограничните зони на Ирачки Курдистан и нафтените полиња околу Киркук.
- Според американски, курдски, ирачки и европски извори, американскиот специјален пратеник Мекгурк бил блиску до постигнување компромис со кој ќе се спаси угледот на меѓународната коалиција. Мекгурк предложил курдските сили да ја отстапат контролата врз воената база К-1, која ја држат од 2014 година, и од каде дејствуваат и голем број американски специјалци. Воената база би била под заедничка ирачка и курдска контрола, а американски генерал одобрен од двете страни би бил поставен да решава доколку дојде до спор меѓу нив. Но, предложениот американски компромис не го убеди ирачкиот премиер Хајдер ал Абади и тој сепак нареди освојување на целиот градот Киркук, пишува Лејк во својот текст објавен од страна на агенцијата Блумберг.
Киркук е голем, етнички мешан град, во кој има значителна курдска и арапска заедница, како и Туркмени и Асиријци. Градот не е во границите на Ирачки Курдистан, но курдските сили го обезбедуваа Киркук, воените бази и нафтените полиња околу него од 2014 година, со цел да го спречат ширењето на Исламската Држава. Откако ирачката армија и шиитски паравоени единици ја придружуваат го освоија градот на почетокот на неделава, поголем број етнички Курди побегнале подлабоко во Ирачки Курдистан.
Според Блумберг, ирачката армија и премиерот Абади, како и неговите сојузници во Иран, ја искористиле поделбата меѓу курдистанскиот регионален премиер Масуд Барзани и семејството на поранешниот претседател на Ирак Џалал Талабани, кој неодамна почина. Херо Талабани, вдовица на Џалал Талабани, не го поддржуваше референдумот за независност на Ирачки Курдистан и најавила дека курдските сили лојални на неа нема да се спротиставуваат на напредувањето на ирачката армија и постигнала договор со иранскиот воен командант Касим Сулејмани, кој го координирал напредувањето на ирачката армија до границата на Ирачки Курдистан.
Ново на Сител
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
