Џет-Сет
26. December 2015 - 11:24

Американски таблоиди: Џастин Бибер е во врска со Кортни Кардашијан

Главна вест на американските таблоиди деновиве е дека 21-годишниот Џастин Бибер е во врска со 36-годишната Кортни Кардашијан, што предизвика поделени реакции во јавноста, но и негодувања на нивните блиски. 

Џастин и Кортни последнива недела биле забележани дека многу време минуваат заедно и иако досега никој не ги „фатил“ како се бакнуваат или држат за рака, таблоидите веќе направија приказна за нова љубовна романса. 

Претходно, Бибер беше поврзуван и со сестрите Кајли и Кендел Џенер, па многумина оценуваат дека младиот пејач претерал со авантурите со девојките од кланот Кардашијан-Џенер. 

„Холивуд Рипортер“ објави дека Кајли и Кендел биле бесни на Кортни и дека се чувствуваат предадено.

Ваквите гласини не и се допадна ниту на поранешната девојка на Џастин, Селена Гомез, која според „Тач Викли“ изјавила дека е „болно што тој спие со толку луѓе од исто семејство“. 

Таблидите тврдат дека по објавувањето на информациите за „новата љубов на Џастин“, Селена дури и и се јавила на Кортни и и „одржала лекција“. 

Но, и покрај сите вакви приказни, досега никој официјално не потврди дека Џастин е во врска со Кортни, како што не беа поврдени ниту неговите наводни љубовни романски со Кајли и Кендел, па некои сметаат дека сето ова е само уште еден маркетиншки трик.