Американски конгресмен поднесе предлог-закон Гренланд да стане 51-ва сојузна држава на САД

Републиканскиот конгресмен од Флорида, Ренди Фајн, претстави предлог-закон под наслов „Закон за анексија и државност на Гренланд“, со кој оваа територија би станала 51-ва сојузна држава на САД. Предлогот доаѓа по најавите на претседателот Трамп за преземање на оваа данска територија.
„Гренланд не е далечна испостава што можеме да ја игнорираме – тој е од витално значење за националната безбедност. Америка не може да ја остави иднината на арктичките патишта во рацете на режими кои ги презираат нашите вредности“, изјави Фајн.
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, потврди дека иако не постои конкретен временски рок, купувањето на островот е приоритет за Трамп за да се спречи евентуално кинеско или руско влијание врз територијата.
Од друга страна, демократскиот сенатор Крис Марфи предупреди дека секој обид за присилно преземање на Гренланд би го означил „крајот на НАТО сојузот“. Минатата година, републиканците во Конгресот веќе побараа поддршка за отворање разговори со Кралството Данска за купување на Гренланд.
Ново на Сител
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
