Американската „Симантек“ ги обвини севернокорејските хакери за нападите со вирусот „ВонаКрај“
Компанијата за кибер безбедност „Симантек“ вчера соопшти дека има голема веројатност хакерска група од Северна Кореја да стои зад кибер нападот со вирусот „ВонаКрај“ (WannaCry), што во текот на оовј месец зарази над 300.000 компјутри низ цел свет и предизвика хаос во болници, банки и училишта, пренесоа британските медиуми.
Иследниците од „Симантек“ изјавија дека откриле многу елементи на кодот, употребувани како во претходните изјави на севернокорејската група, така и во раните верзии на овој вирус. Освен тоа, истата интернет врска била употребена за инсталирање на раната верзија на „WannaCry“ врз два компјутера и за врска со програмскиот инструмент, што неодамна ги уништил фајловите на компанијата „Сони Пикчерс ентертејнмент“.
Експертите на „Симантек“ сметаат дека овој вирус е работа на луѓе, поврзани со групата „Лазарус“, затоа што тие имале пристап до кодот на изворот на компјутерската зараза.
Според нив, меѓутоа, групата не била поврзана со властите во Пјонгјанг, туку дејствувала самостојно.
Севернокорејските хакери едноставно работеле за да заработат пари, откако можеби престанале да работат за владата или едноставно биле подизведувачи без директна обврска да и служат само на Владата во Пјонгјанг.
Ново на Сител
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места