Американската морнарица успешно тестираше подводен дрон

За време на тренинг воена операција американска подморница истрелала и потоа успешно вратила назад подводен дрон -што е прв ваков обид во историјата на американската воена морнарица, пренесоа американските медиуми.
Напаѓачката подморница „Норт Дакота“ (Северна Дакота) вчера се врати во својата база во Конектикат по речиси двомесечното пловење по Средоземно Море, што специјално било наменето за тестирање на дронот.
-Тестирањата беа успешни, изјави капетанот Даглас Гордон, командант на подморницата. „Тоа беше нешто што се сметаше дека е можно, и ние го докажавме“, рече тој.
Дронот бил истрелан од корпусот на подморницата, а може да се употреби и за подводен десант на нуркачи и специјалните единици.
Од американската воена морнарица сметаат дека беспилотните подводни апарати се економичен начин за проширување на опсегот на дејствија на нивната подводна флота, која пред крајот на Студената војна постепено се намалуваше. Флотата уште од 70-тите години на минатиот век употребува беспилотни апарати за симулација на непријателски подморници во својот тренажен процес, а тие се употребавани и за пресретнување мини и картографирање на океанското дно.
Војската ги тестира како повеќе да ги употреби и за други цели, како разузнавање или дури и борба со подморници.
Дронот, што е употребен во тестирањата на „Норт Дакота“, е „Римус-600 “(Remus), пренесе ТАСС - програмиран автономен подводен апарат, што се произведува од норвешката компанија „Конгсберг“ (Kongsberg Gruppen) и се нуди во слободна продажба.
Според податоците на американската морнарица, неговата должина е 4,3 метра, дијаметарот му е 0,7 метра, тежината - 320 килограми, максималната длабочина на потопување - 600 метри, опсегот е до 150-200 километри, напојувањето е со литиум-јонски акумулатори, што издржуваат 20 часа.
„Конгсберг“ својот дрон го карактеризира како „универзален систем“ на кој можат да се инсталираат видеокамери и ехолокатори.
Ново на Сител
-

Обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби со набавки во РЕК Битола
-

Студено утро со минусни температури, попладне дожд и снег на повисоките места
-

Живееме подолго, но сме помалубројни: повеќе умрени од родени, сè помалку бракови, сè повеќе разводи
-

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во Кран-Монтана, граѓаните оддаваат почит
-

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година
-

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова градинка во Кочани
-

Руската воздушна одбрана собори 64 украински дронови над 10 руски региони
-

Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести
