Американската Леар почнува со реализација на инвестицијата во Полошко

Американската корпорација Леар ја почнува реализацијата на инвестицијата вредна над 15 милиони евра во полошкиот регион. Договорот денеска ќе го потпишат претставници на Леар Корпорацијата и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак.
Компанијата почнува со производство на автомобилски навлаки за седишта првично во Гостивар, каде ќе се вработат околу 300 лица, а планира и изградба на нов објект во ТИРЗ Тетово и вработувања на 1500 до 2000 лица до 2018 година. Согласно нивното искуство постои потенцијал тој број да достигне и до 3.000 нови вработувања.
Објектот во ТИРЗ Тетово треба да биде готов до средината на 2016 година, а производството е наменето за сите големи европски автомобски производители.
Намерата за инвестирање во Македонија оваа компанија ја потврди на 19 мај 2015 година. Министерот Самак и неговиот тим повеќе од две години работат интензивно на убедување на Леар оваа инвестиција да се лоцира во Македонија.
- Горди сме што ова е веќе втора по големина фирма од рангот на Fortune 500 која одлучи да инвестира во Македонија покрај големата конкуренција во регионот. Особено значајно е што со оваа инвестиција ќе се отворат модерни работни места за многу млади и искусни луѓе во Гостивар и Тетово. Со оваа одлука само ја покажуваме нашата одлучност да бидеме најдобра дестинација за странските инвеститори и да се бориме за нови работни места, истакна министерот Самак.
Корпорацијата Леар ( Lear Corporation ) е еден од водечките глобални добавувачи на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција. Леар го опслужува секој поголем производител на автомобили во светот и производите на Леар може да се најдат на повеќе од 300 називи на возила. Производите од светска класа на Леар се дизајнирани, конструирани и произведени од различни тимови на приближно 132.000 вработени лоцирани во 34 земји. На листата на Fortune 500, Lear e рангирана на 177 место. Седиштето на Леар се наоѓа во Саутфилд, Мичиген.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
-

Остри реакции за предлогот улица во Тетово да го носи името на Фадил Сулејмани
