Американец кој мислел дека освоил „џекпот“ тужи лотарија којашто по грешка ги објавила неговите броеви

Американец кој мислел дека освоил „џекпот“ од 340 милиони долари, ја тужи лотаријата „Пауербол“ во САД, којашто по грешка ги објавила неговите броеви.
Џон Чикс од главниот град Вашингтон тврди дека бил „зачуден“ кога видел дека победничките броеви за јануари 2023 година се совпаѓаат со оние од неговиот лоз. Но, кога го однел ливчето до Канцеларијата за лотарија и игри, неговото побарување било одбиено.
– Вработениот одговорен за исплати ми рече дека мојот лоз е неважечки и дека можам само да го фрлам в канта, изјави Чикс за Би-би-си.
Забуната настанала поради „техничка грешка“, според надлежните. Имено, дента кога лозот е купен во тек биле тестови на интернет-страницата на „Пауербол“, па таму „случајно“ била објавена низата „тест-броеви“ коишто се совпаѓале со оние на Чикс.
Меѓутоа, „несреќниот добитник“ го задржал лозот и најмил адвокат. Сега тој ја тужи лотаријата и бара отштета од 340 милиони долари – токму онолку колку што верувал дека добил по лажното известување.
Ново на Сител
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
