Американец истепал тројца полицајци во полициска станица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.
– Утринава странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир. Додека влегувал во ходникот на станицата, започнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот. Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со насилното однесување, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со бокс по лицето, нанесувајќи му телесни повреди, велат од скопското обвинителство и појаснуваат дека во тој момент двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив започнал да ги удира со боксови, нанесувајќи им телесни повреди. По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот, велат од обвинителство.
Бидејќи во конкретниот случај не постои друга можност за обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
