Свет
1. February 2024 - 8:28

Американците уништија 10 дронови на бунтовниците Хути во Јемен

Американската војска рано утринава соопшти дека уништила десет беспилотни летала и командна станица на бунтовниците Хути во Јемен.

Беспилотните летала „претставуваа непосредна закана за американските трговски и воени бродови во регионот“, соопшти американската команда за Блискиот Исток (Centcom).

Како што наведе американската команда, акцијата против бунтовниците блиски до Иран била спроведена вчера.