Американците не се задоволни од кампањата на Обама против ИД

Американците не ја одобруваат кампањата на претседателот Барак Обама во битката против Исламска држава, покажуваат резултатите од анкетата на Асошиејтид прес и Џи-Еф-Кеј, пренесе БТА.
Голем дел од анкетираните се мошне песимистични и во однос а перспективни за успех на мисијата во Авганистан.
Шест на секои десет Американци не го одобруваат начинот, на кој Обама се справува со заканите од ИД во Ирак и Сирија, каде претседателот на САД го проширува военото учество со надеж дека ќе пронајде решение за ситуацијата.
Тие стравувања се одраз на поширокото неодобрување на Американците на целата надворешна политика на Обама.
Според анкетите едвај 40 отсто ја одобруваат надворешната политика на претседателот. Тоа се случува во момент кога Обама се обидува да демонстрира напредок во спроведувањето на американските интереси на Блискиот Исток.
Ново на Сител
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
