Амбасадорот на Косово во Македонија меѓу 12-те разрешени „политички именувани“ амбасадори
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на барање на Министерството за надворешни работи и дијаспора, го потпиша указот за повлекување на амбасадорот на таа земја во Република Македонија, Ѓерѓ Дедај и на 11 други дипломатски претставници за кои е заклучено дека биле „политички именувани“ од претходните власти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала-Шварц на денешната прес-конференција изјави дека разрешувањето на 12-те амбасадори претставува само еден чекор во правец на реформите кои претстојат во дипломатската служба.

– Ослободувањето од должноста и повлекувањето на политички именуваните амбасадори е извршено во духот на усвоената владина програма, со која се предвидува реформирање на дипломатската служба. Во наредните недели ќе бидат избрани новите амбасадори и ќе продолжи реформата, која е задоцнета, но се изготвува сериозно, изјави министерката Грвала-Шварц, заблагодарувајќи им се на повлечените дипломати за досегашната служба.
Покрај Дедај, разрешени се и косовските амбасадори во Германија, Албанија, Чешка, Холандија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австралија, Црна Гора, Обединетите Арапски Емирати и Катар.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
